maslinovo maslo

Маслиново масло – извор на здравје

Постојат многу видови на масло кои се користат секојдневно и за припремање храна и како козметика. Денес овие масла се достапни секаде во светот.

Сончогледово масло, маслиново, палмино, кокосово, ленено, масло од семки од тиква, од репка, од бадеми, од авокадо, ф’стаци… Ниту едно растително масло не содржи холестерол и сите содржат витамин Е. Но сепак сите имаат различни карактеристики – позитивни и негативни. Ние сега ќе зборуваме за маслиновото масло!

Зошто е корисно?

Како што самото име кажува, ова масло се прави од маслинки, со цедење на цели плодови. Во зависност од квалитетот на маслинките и начинот на цедење, постојат различни видови на маслиново масло.

Најчесто се користи во исхраната, а не е невообичаено да се користи и во козметиката и фармацијата, а и како гориво за традиционалните кандила.

Во исхраната најдобро е да се консумира без никакво обработување, за искористување на сите компоненти. Не се препорачува за пржење подари високата точка на вриење со што се ослободуваат штетни слободни радикали. Исто така не се препорачива за припрема на торти и колачи поради силниот мирис, а може и потполно да го смени вкусот. Сепак, одличен избор е за какво било друго припремање на храна.

Содржи витамини Е, Д, А и К, незаситени и заситени масни киселини, од кои најважната е Омега-3.

Витаминот Е спречува оксидацијата на незаштитената масна киселина. Витаминот Д го забрзува метаболизмот. го поттикнува растот и служи за градење и одржување на ткивото, кожата и слузокожата. Витаминот Д го поттикнува растот и служи за одржување на ткивото, кожата и слузокожата. Витамините од група Б пак, позитивно влијаат на нервниот систем и ги претвораат јаглехидратите и протеините во телесна енергија. Важни се за нега на косата и очите, ја подобруваат работата на желудникот и цревата, ја одржува телесната тежина и помагаат при создавање на црвени крвни зрнца.

Омега-3 масните киселини го заштитуваат кардиоваскуларниот систем и помагаат и во намалувањето на ризикот од појава на депресија, деменција и артритис.

Велат дека е извор на здравје, бидејќи влијае на намалување на болка (има сличени антивоспалителни својства со ибупрофен) и ја намалува можноста за појава на рак и се користи во алтернативната медицина.

Содржи полифенол, кој е користен и во третманите за разубавување. Ефектите на кожата, косата и ноктите се забележуваат и со консумирање на маслото и со правење на маски и третмани.

Како да познаете дали маслото е навистина квалитетно маслиново масло?

Покрај специфичниот мирис, има и други начини да се препознае дали маслото е маслиново и каков е неговиот квалитет. Ако се стави во ладилник, квалитетното маслиновото масло се згуснува и станува матно. Кога ќе се стави на собна температура повторно станува течно и бистро. Исто така, вистинското маслиново масло гори – затоа и со години се користело како гориво за традигионалните кандила.

Што друго треба да знаете за маслиновото масло?

Секое маслиново масло содржи околу 120 калории по лажица. Треба да се чува на ладни и темни места, за да не дојде до оксидација. Ако се чува правилно, неотворено шише може да трае две години од датумот на полнење. Отворено шише е препорачливо да се потроши за 2 месеци.