Кој вид на леб е најдобар за нашето здравје

Кој тип на леб е најдобар за нашето здравје?

Благодарение на напредокот на технологијата, во денешно време постојат многу видови на леб кои се разликуват во својот состав, нутритивна вредност и секако начинот на производство, поточно технологијата на производство.

Според Државната Статистика на Македонија, еден човек во Македонија јаде во просек 200 грама леб во текот на денот, статистика која ја оправдува консумацијата на леб, бидејќи лебот претставува извор на јаглени хидрати кои ни ја обезбедуваат потребната енегрија. Во зависност од типот на лебот тој во себе може да содржи и дополнителни витамини, растителни влакна, семиња кои се ботанички извор на железо, магнезиум, фосфор, витамини Б и Е, омега 3 масни киселини итн.

Бел леб

Со сигурност можеме да кажеме дека сите сме љубители на свежо испечен бел леб, но со неговата содржина на хранливи состојки тој се наоѓа на дното на листата на лебови. Иако со векови најмногу консумиран заради неговата ниска цена, со новите технолоогии во денешницата неговата цена е скоро еднаква со останатите типови на леб. Повеќе не постои финансиска бариера заради која овој најмалку корисен леб би требало да се купува. Доколку ја вклучиме нутритивната вредност, белиот леб содржи најмалку натриум, калциум и фосфор, а воедно свежо печениот леб не се препорачува за консумација бидејќи ја влошува дигестијата.

Црн леб

Овој тип на леб може да се нарече рудник на железо и калиум. Покрај овие елементи црниот леб изобилува со фосфор и натриум. Денес црниот леб е најчест избор на луѓето, посебно на оние кои се грижат за своето здравје и правилен начин на исхрана. Доколку се спореди калориската вредност на белиот и црниот леб, таа е следна:

  • 100 грама црн леб содржи 200 калории, додека
  • 100 грама бел леб содржи 240 калории.

Квалитетот на брашното од кое се произведува црниот леб не е рафинирано, каде покрај скробот и шеќерот содржи хранливи влакна како целулоза, хемицелулоза и лигнин кои го продолжуваат чувството на ситост и ги врзуваат маснотиите со што тие полесно се отстрануваат од организмот. Овие влакна исто така го подобруваат варењето, ги абсорбираат токсичните материи, воедно скратувајќи го времето потребно за преминување на храната низ дигестивниот систем.

Пченкарен леб

Некогаш претставувал храна за сиромашни, но со докажување на бенефитите на пченката неговата употреба се зголемува. Пченката изобилува со растителни влакна кои овозможуваат здрав метаболизам и добро варење на храната, а воедно таа придонесува и за намалување на нивото на холестерол и шеќер во крвта. Таа е природен извор на железо, на фосфор, магнезиум, Б витамини за поголема енергија и витамин Е кој е јак антиоксиданс со позитивен ефект на сите типови кожа. Тонус лебот збогатен со пченка е еден од најмногу консумираните лебови во последно време, токму заради овие придобивки од пченката.

Полубел леб

Омилен леб на многумина, составот е 40% ‘ржано и пченично брашно. Содржи најмалку јаглехидрати споредбено со останатите типови на леб, а воедно тој содржи високо ниво на протеини.

’Ржан леб

Содржејќи голем број на влакна, неговото варење во дигестивниот систем е подолга, со што ситоста е зголемена, со еден збор со внесување на мало количество на ‘ржан леб вие се чуствувате сити. Тонус мешаниот ‘ржан леб содржи 30% ‘рж, со што со сигурност внесот на магнезиумот е загарантиран. Изобилува и со витамините Б1 и Б2 како и два пати повеќе калиум отколку белиот леб.

Тонус Леб

Потеклото на “Тонус” лебот е од Русија, каде многу години била чувана тајната за пченичниот леб кој има лековити својства.  Со модернизација на технологиите тајната е споделена со светот, каде во 1987 година е развиена уникатна технологија за производство на леб директно од житото кое е во фаза на ‘ртење, притоа без употреба на брашно. 1990 година започнува широкото производство на лебот “Тонус”, каде се користат сите корисни делови на зрното, вклучувајќи ги и никулците, алеуронскиот слој и повеќеслојните лушпи.

Патентираната технологија за производство на леб без брашно “Тонус”  овозможува да се сочуваат сите корисни делови на зрното ,вклучувајќи ги и никулците, алеуронскиот слој и повеќеслојните лушпи. Главната цел на производство на овој леб е максимално искористување на сите хранливи состојки од зрното на пченицата.

Овој леб содржи многу хранливи влакна. Со користење на 250 грама  леб “Тонус“ дневно во организмот се внесуваат 40 – 45 грама влакна. Потребна дневна количина е 50 грама влакна.

Денес “Тонус” се произведува во повеќе од 30 градови во Русија и во странство, вклучувајќи и пет европски земји, меѓу кои и нашата земја Македонија.

Содржина на влакна (100г):

– црн леб 6,8

– бел леб 3,9

– полуцрн леб 5,2

– Тонус леб 15-20

– ржен леб 7,6

– пченкарен леб 2,2

Изборот останува на вас кој тип на леб ќе го употребувате во секојдневната исхрана, но пред со сигурност да ги исклучите можностите нашиот совет да ги пробате сите видови на леб а потоа да одлучите. Не заборавајте при одлуката да внимавате на количеството на хранливи состојки кои се содржат во лебот како и хранливите влакна.

Долготрајноста на лебот исто така е важна при купувањето на лебот, каде што најчесто лебот има рок 1 до 2 дена, додека Тонус лебот има рок од 4 до 8 дена.