Потеклото на лебот

Иако е една од основните намирници кои секојдневно се консумираат, потеклото на лебот во голема мера е сѐ уште непознато.

Првите емпирични докази за постоење на лебот датираат од мезолитот (средно камено време), што е 4000 години пред почетокот на неолитот (ново камено време) и појава на земјоделството. Пронајдените остатоци укажуваат дека првиот продукт кој личел на леб бил правен од еднозрнеста дива пченица, а пронајдени се во југозападна Азија. Храната базирана на житарки станала ден од секојдневната исхрана на човекот кога започнала култивацијата на житните култури. Пронајдоците од остатоци од леб во неолитски населби во Европа и југозападна Азија сведочат за неговата употреба што има директна поврзаност со појавата на земјоделството.

На локациите каде се пронајдени остатоците од житни култури, пронајдени се огништа каде што се подготвувала храната. Најстарото од пронајдените огништа е и најголемо, со дијаметар од 1 метар и има кружен облик, направен од мазни, базалтни камења. Систематско земање примероци и анализи на целосната содржина на огништата од тој период открива извонреден археоботанички состав, со повеќе од 65.000 добро сочувани остатоци од растенија кои се претпоставува дека се од најмалку 95 различни житни култури, меѓу кои еднозрнеста дива пченица, јачмен и овес.

Може да се каже дека лебот е првата храна создадена од човекот. Оваа намирница е една од најважните продукти кои се консумираат денес. Лебот се смета за потреба и нејзиниот состав и квалитет секојдневно се подобрува, а начинот на подготовка се усовршува. Наједноставниот рецепт за леб е комбинација од брашно и вода од што се прави тесто. Постојат безброј состојки кои можат да се додадат на овие две компоненти, па така денеска имаме најразлични видови на леб.