Прекумерната телесна тежина – хронична прогресивна болест

Прекумерната телесна тежина, медицински објаснето, е состојба на зголемена акумулација на масно ткиво. Во последните години, тоа е сѐ позастапена појава насекаде во светот и има тенденција за раст.

Светската здравствена организација ја смета прекумерната телесна тежина за хронична прогресивна болест која настанува како резултат на енергетски дисбаланс помеѓу внесените и потрошените калории.

Денес, во споредба со 1980 година, на светско ниво гојазноста е застапена двојно повеќе. Околу  една милијарда луѓе се со прекумерна телесна тежина, од кои 48 милиони се деца, а 500 милиони луѓе во светот страдаат од гојазност. Во Македонија секое трето дете има проблем со прекумерна телесна тежина.

Како се одредува дали некој има прекумерна телесна тежина?

Индексот на телесната маса (ИТМ) е показател дали некој има прекумерна телесна тежина или страда од гозајност. ИТМ се пресметува со делење на тежината претставена во килограми, со квадрат од висината претставена во метри. Прекумерна телесна тежина имаат лицата чии ИТМ е поголем од 30, а за гојазни се сметаат оние чии ИТМ е поголем од 40.

Телесната тежина не влијае само врз естетиката и самодовербата.

Прекумерната телесна тежина и гојазноста имаат штетно влијание на здравјето – предизвикаат сериозни здравствени проблеми и го намалуваат животниот век. Ја зголемуваат шансата за појава на кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, остоепороза, астма, карцином на дебело црево, дојки, хранопровод, панкреас и бубрези, а најновите истражувања покажуваат дека најголемиот ризик за бременост е прекумерната тежина на мајката.

Најчести причина за појава на прекумерна телесна тежина се прекумерното консумирање на храна, нездравата исхрана и недоволната физичка активност. Само мал број од случаите се предизвикани од генетика, хормонални нарушувања и примањето на одредена терапија, но секако, сите тие се фактори кои влијаат на оваа состојба.

Здравата, правилна исхрана и физичката активност се најефикасното средство во борбата против прекумерна телесна тежина и гојазноста.

Физичката активност помага за побрзо трошење на калориите, а исхраната за забрзување на метаболизмот. Квалитетот на исхраната може значително да се подобри со намалено консумирање на висококалорична, процесирана, храна без хранливи материи и храна со висок гликемиски индекс и со зголемено внесување на растителни влакна.

Грижете се за Вашето здравје и подобрете го квалитетот на Вашиот живот!