Tonus

Тајната на лебот Тонус

На пазарот постојат милион компании и пекари кои произведуваат леб. Сепак, Тонус лебот се истакнува по својот квалитет во споредба со кој било друг леб. Постои веќе 3 децении, се произведува во 30 градови во Русија и Европа и има добиено многу награди и признанија.
Сигурно многупати сте се прашале која е тајната на лебот Тонус.

Патентираната технологија која се користи за производство на Тонус леб овозможува да се сочуваат сите  корисни делови од зрното пченица како што се никулците, алеуронската обвивка и повеќеслојните лушпи. Централниот дел на зрното пченица е извор на скроб, кој телото го користи за енергија. Никулците се богати со протеини, витамини и минерали. Алеуронската обвивка има протеини, Б витамини, минерали и растителни влакна. Главната состојка на повеќеслојната обвивка се растителни влакна и минерали. Тонус лебот ги содржи сите овие состојки и затоа е толку здрав.

Како се прави Тонус лебот?

Зрното пченица прво се чисти со плакнење со големо количество вода и се остава да стои во чиста вода од 15 до 20 часа. После зрното се меле, а добиената маса од тесто со патентираната технологија на производителот се доведува во финален производ – лебот „Tонус“.

Вака кажано и не е некоја тајна. Тоа што го прави посебен е производството без брашно, директно од зрното пченица. Секое зрно се третира посебно, се користи квалитетна пченица и не се додаваат адитиви, а со тоа максимално се искористуваат сите хранливи состојки на пченицата.