црно семе

Црно семе за добар имунитет

Растението „Nigela Sativa“ е познато по своите лековити својства. Најраните записи за култивацијата на ова растение датираат од стар Египет. Денес, најраспространето е во Англија, но се користи секаде низ светот.

Всушност, лековитиот дел од растението е семето, меѓу народот познато и под името „црно семе“.

Кои се здравствените придобивки од црното семе?

Има навистина многу здравствени придобивки од користење на ова семе. Користење на само 2 грама на ден го прочистува организмот од токсини и ја поттикнува регенерацијата на бета клетките. Ги заштитува црниот дроб и бубрезите и помага за регулација на шеќерот во крвта. Делува како антиоксидант и диуретик, па го намалува крвниот притисок кај луѓето со блага хипертензија.

Има антиколвузивни својства, кои значително го намалуваат интензитетот на нападите кај луѓето кои страдаат од епилепсија.

Последните студии покажале дека црното семе позитивно влијае и врз асматичари. Докажано е дека екстракти на црно семе во зовриена вода имаат моќен ефект врз дишните патишта.

Семето од „Nigela Sativa“ делува како аналгетик, односно ублажува болки. Има анти-бактериско и анти-инфламаторско дејство, па се препорачува за настинки и болки во мускулите. Одлично делува и на подобрување на имунитетот, па порано луѓето верувале дека токму ова семе била тајната на добриот имунитет и долгиот живот.

Црното семе може да се консумира и како масло. Најздраво е ладно цедено масло, бидејќи ги задржува сите хранливи состојки.

Што содржи семето од растението „Nigela Sativa“ ?

Протеини, тијамин, рибофлавин, пиридоксин, нијацин, фолацин, калциум, железо, бакар, цинк и фосфор се главните состојки на црното семе. Сите тие придонесуваат за подобрување на здравјето при правилно користење. Внимавајте да не претерате со консумацијата – Повеќе од 25 грама може да бидат токсични и штетно да влијаат врз организмот.

Сепак колку и да е корисно и здраво, мора да се потенцира дека црното семе од „Nigela Sativa“ не треба да се користи како лек за се и не ги заменува посетите на доктор и терапиите препишани од стручни лица. Во секој случај, одличен избор е како суплемент кој ги подобрува здравјето и убаво е е да ги знаете неговите лековити својства.