5 здравствени придобивки од консумирање семки од тиква

Семките од тиква претставуваат богат извор на хранливи материи. Има истражувања кои ја потврдуваат поврзаноста на семките од тиква со одредени здравствени придобивки.

Во продолжение ви презентираме 5 научно докажани здравствени придобивки од консумирање семки од тиква!

1. Го подобруваат имунитетот

Семките од тиква се богати со антиоксиданти, железо, цинк, магнезиум и многу други хранливи материи. Го подобруваат имунитетот и на тој начин помагаат во заштита од болести.  Го заштитуваат срцето со намалување на крвниот притисок и регулирање на холестеролот. Има тековни истражувања за влијанието на семките од тиква на шеќерот во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2, но ова сѐ уште не е докажано.

2. Превенција од рак

Има докази кои сугерираат дека семките од тиква го намалуваат ризикот за појава на одредени видови на рак. Докажано е дека жените кои поминале низ менопауза и секојдневно консумираат семки на тиква имаат 23% помал ризик од појава на рак на дојка.

3. Ја подобрува функцијата на мочниот меур и простатата

Семките од тиква ги ублажуваат симптомите на бенигно проширување на простатата и помага за контролирање на прекумерно активен мочен меур.

4. Ја подобруваат функцијата на дигестивниот систем

Семките од тиква имаат голема количина на хранливи влакна. Ја подобруваат функцијата на цревата и дигестивниот систем и помагаат за слабеење. 100 грама содржат околу 600 калории, па непечени и без сол се препорачуваат во многу режими на исхрана.

5. Гo подобруваат квалитетот на спиењето

Семките од тиква се добар извор на триптофан, цинк и магнезиум. Ја зајакнуваат заштитната обвивка на нервите и делуваат смирувачки и помагаат за подобрување на квалитетот на спиењето.

Најдоброто од сѐ е тоа што лесно може да се вклучат во исхраната, а за да ги почувствувате сите бенефити од семките од тиква доволно е да консумирате 30 грама дневно. Може да се консумираат непечени, печени, без сол, како закуска или како состојка во готвењето, без разлика дали се мелени или цели!